
Стопанска комора: Дигиталната платформа со мобилна апликација е креирана со помош од ЕБОР
Стопанската комора на Македонија ја промовираше дигиталната платформа за микро, мали и средни претпријатија, „Он Стоп Диџитал“. Платформата претставува единствено место за информации и овозможува полесна комуникација, така што преку мобилна апликација овие компании ќе имаат брз и дигитален пристап до сите услуги на комората. Дигиталната платформа со мобилна апликација е креирана со помош од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), за да се продолжи економската транзиција на стабилни мали и средни претпријатија и да се развие одржлива инфраструктура на услуги за деловно советување.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-Компаниите ќе може да пристапат двострано, да поставуваат прашања и добиваат одговори за сето она што ги интересира. За нашите членки ќе фокус преку кој ќе комуницираме и тие ќе добијат информации за секојдневното работење. Нив ги интересираат сите информации како на пример законските промени кои не може да ги следат и да ги разберат бидејќи имаат мал капацитет и не располагаат со доволно работна сила. Ова беше една од клучните алатки кои им се потребни, а тоа како Комора го детектиравме – рече претседателката на Центарот за микро, мали и средни претпријатија при СКСМ, Габриела Кулебанова.
Улогата на микро малите и средни претпријатија претставуваат значаен и витален дел на економијата во секоја земја, вклучително и нашата, каде последните официјални статистички податоци покажуваат дека оваа структура на компании имаат доминантно учество од 99,6 отсто во вкупниот број на активни деловни субјекти во државата, и воедно се најголеми работодавачи, обезбедувајќи околу 70 отсто од вкупниот број на вработени лица. Од друга страна учеството на ММСП во додадената вредност која се креира во земјата е со многу помал процент во вкупната додадена вредност споредено со големите компании.