Јанс Столтенберг - генералниот секретар на НАТО / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Столтенберг заминува на турнеја низ јужниот Кавказ

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг од денеска со вторник ќе престојува на турнеја низ земјите од регионот на јужен Кавказ, во чии рамки ќе ги посети Азербејџан, Ерменија и Грузија.

Како што соопшти НАТО, денеска Столтенберг ќе допатува во Баку каде ќе има средба со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев. Утре, првиот човек на НАТО ќе се сретне со министрите за надворешни работи и за одбрана на Азербејџан, Џејхун Бајрамов и генерал-полковник Закир Хасанов, по што ќе отпатува за Тбилиси.

Истиот ден, во главниот град на Грузија, Столтенберг ќе има средби со грузиската претседателка Саломе Зурабишвили и со премиерот Иракли Кобахидзе.

Турнејата низ јужниот Кавказ, Столтенберг ќе ја заврши во втроник со престој во Ереван, каде ќе се сретне со претседатлот и премиерот на Ерменија, Вахаган Хачатурјан и со премиерот, г-дин Никол Пашинјан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот