Столтенберг/ Фото: JOHN THYS / AFP / Profimedia

Столтенберг: Во Скопје првпат пробав сладолед и полнети пиперки, ја научив „Ринге ринге јаја“

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, од собраниската говорница се потсети и на дел од своето детство кое го минал во Скопје, додека неговиот татко работел во норвешката амбасада. Скопје го потсетува на убав дел од животот, кога за првпат пробал сладолед и полнети пиперки, објави Телма. 

 

Западен Балкан секогаш ми бил блиску до срцето, затоа што кога бев дете  мојот татко работеше во норвешката амбасада во поранешна Југославија. Тука живеевме три години. Тогаш за првпат го вкусив мојот прв сладолед, ги јадев првите полнети пиперки, и ја научив песничката „ринге ринге јаја, дошо чика Паја…“ завршуваше со „чуч“. Имам пријатни спомени од моето детство тука, рече Столтенберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот