Facebook

Стивен Кинг го критикува Трамп за неговиот говор на комеморацијата на Чарли Кирк

Славниот американски писател и сценарист, Стивен Кинг, отворено го критикуваше Доналд Трамп поради неговото поимање на слободата на говорот. На социјалната мрежа „Икс“, Кинг напиша дека американскиот претседател ја толкува слободата на говорот на погрешен начин – не како право на сите граѓани, туку како право да не се биде критикуван.

„За него, тоа не е говор на омраза, туку говор што тој го мрази – особено оној против него и неговата администрација“, напиша Кинг, додавајќи дека Трамп очигледно сака да ги замолчи критичарите.

Кирк беше убиен на 10 септември додека држеше говор на Универзитетот Јута Вали. На комеморацијата, Трамп рече дека Кирк сакал да допре до луѓето без омраза кон своите противници. Потоа додаде: „Јас не сум таков. Ги мразам моите противници и не им посакувам ништо добро“.

Само два дена претходно, Трамп им кажа на новинарите дека силно ја поддржува слободата на говорот, но веднаш се пожали дека медиумите неправедно го напаѓаат. Тој дури тврдеше дека критичкото известување за него е „нелегално“ бидејќи, како што рече, ја нарушува неговата популарност и политички достигнувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот