Д-р.Илир Демири, Фото: Илир Демири Фејсбук Демири

Стигнаа вакцините против голема кашлица за возрасни, може да се примат уште денес

Вакцините против голема кашлица за возрасни, пристигнаа во Македонија и веднаш може да се примат, најави министерот за здравство Илир Демири.

-Граѓаните што имаат потреба од вакцинација, може од денеска да ги примат. Ги има во вакциналните пунктови и може да се дадат за луѓе што имаат потреба од таков вид ревакцинација, изјави Демири.

Според најавите на Комисијата за заразни болести, вакцините ди те пер за возрасни, се наменети за оние луѓе кои во семејството живеат со дете помало од 2 години, како и за лицата кои што работат со деца, како на пример во градинки и во болници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот