Фото: RFM

Стигна потврда од ЕХФ: Македонија противници за ЕП ќе чека од вториот шешир

Eвропската ракометна федерација денеска и официјално го закажа ждребот за Европското првенство во 2026 година во Копенхаген, а Македонија на оваа ждрепка ќе биде дел од вториот шешир.

На Европското првенство ќе настапат 32 репрезентации кои ќе бидат поделени во осум групи четири репрезентации. Македонија противниците ќе ги чека од вториот шешир.

Во групите ќе се играат шест натпревари и најдобрите две од секоја ќе се пласираат во следната фаза каде што друштво ќе им прават и најдобрите четири второпласирани.

Квалификациските натпревари ќе се одиграат во три ЕХФ-недели. Прво од 4. до 10 октомври, потоа од 10. до 16. март, а последните дуели се закажани за 5. до 11. мај 2025 година.

Ждребот ќе биде одржан на 21. март во терминот од 16:30 часот. Противници на Македонија сигурно нема да бидат, Црна Гора, Полска, Чешка, Србија, Австрија, Грција и Фарски Острови

ШЕШИР 1: Шпанија, Германија, Унгарија, Хрватска, Исланд, Словенија, Португалија, Холандија

ШЕШИР 2: Полска, Црна Гора, Македонија, Чешка, Србија, Австрија, Грција, Фарски Острови

ШЕШИР 3: Литванија, Италија, Словачка, Романија, Украина, Белгија, Швајцарија, Босна и Херцеговина

ШЕШИР 4: Финска, Турција, Летонија, Косово, , Израел, Грузија, Луксембург, Естонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!