Систем за противвоздушна одбрана НАСАМС принтскрин Jутјуб

Стејт департментот одобри продажба на ракетен одбранбен систем на Бугарија

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на систем за крајбрежна ракетна одбрана (НОМАДС) и сродна опрема на Бугарија, во вредност од околу 620 милиони долари (околу 530 милиони евра), соопшти Пентагон.

Во соопштението на Пентагон, објавено од Ројтерс, се наведува дека системот за ракетна одбрана ќе го обезбеди „Конгсберг Дифенс“, кој е водечки норвешки добавувач на одбранбени системи и е во сопственост на норвешката влада.

НОМАДС е мобилен систем за воздушна одбрана за распоредување поблиску до и на фронтовската линија и се користи за одбрана од беспилотни летала и крстосувачки ракети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот