
Старт на новата сезона во Лигата на шампионите, ПСЖ ја брани титулата
Новата сезона во фудбалската Лига на шампионите започнува вечерва, а со првото коло од лигашката фаза, 36 клуба ќе ја започнат својата борба за место во нокаут фазата. Првото коло носи неколку големи дербија и репризи на стари финалиња.
Препорачано
По втор пат во новиот формат воведен минатата година, титулата ја брани Пари Сен Жермен. Главни противници за европскиот шампион ќе бидат шпанските гиганти Реал и Барселона, англиските гиганти Ливерпул, Манчестер сити и значително засилениот Арсенал, како и Баерн Минхен.
Финалето на Лигата на шампионите е закажано за 30 мај 2026 година на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, Унгарија.
Атлетик Билбао се враќа во ЛШ за прв пат од сезоната 2014/15. Минатата сезона во Европа имаа четири победи на домашен терен во Лигата на Европа во чие натпреварување стигна до полуфиналето во кое загуби од Манчестер јунајтед. Шпанците од 18.45 часот ќе се соочат со Арсенал кој е непоразен во првите осум кола од европските сезони по ред (6 победи и 2 нерешени). Тие загубија само двапати во последните 22 натпревари од групната фаза на Лигата на шампионите.
Tuesday ✅
Wednesday ✅
Thursday ✅The Champions League is back 🙌#UCL pic.twitter.com/GR1GIJ45en
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) September 15, 2025
Денеска сигурно големо внимание ќе привлече дуелот во Торино помеѓу Јувентус и Борусија Дортмунд. Реприза на финалето од 1997 година, кое Дортмунд го доби со 3:1. Јувентус победи на шест од деветте средби со Борусија. Никогаш не загубиле дома (шест победи, три нерешени). Џонатан Дејвид пристигна ова лето и има 10 гола во 18 натпревари од Лигата на шампионите. Дортмунд победи само на едно од последните седум гостувања во Италија.
Лига на шампиони 2025-26
Лигашка фаза
Денеска (вторник), двојки:
18.45 часот Атлетик Билбао – Арсенал
18.45 часот ПСВ – Ројал Унион
21.00 часот Бенфика – Карабах
21.00 часот Јувентус – Дортмунд
21.00 часот Реал Мадрид – Марсеј
21.00 часот Тотенхем – Виљареал
Среда:
18.45 Олимпијакос – Пафос
18.45 Славија Прага – Боде/Глимт
21:00 Ајакс – Интер
21:00 Баерн – Челси
21:00 Ливерпул – Атлетико Мадрид
21:00 ПСЖ – Аталанта
Четврток:
18.45 Клуб Бриж – Монако
18.45 Копенхаген – Баер Леверкузен
21:00 Ајнтрахт Франкфурт – Галатасарај
21:00 Манчестер сити – Наполи
21:00 Њукасл – Барселона
21.00 Спортинг Лисабон – Каират
Преземено од: Спорт.ком.мк