Портпаролот за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано / Фото: Архива

Стано: Никој не може да ја предвиди конечната цел на руската воена инвазија на Украина

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано денеска во Брисел изјави дека никој не може да ја предвиди конечната цел на руската воена инвазија на Украина и ги отфрли објаснувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека станува збор за спречување геноцид и „денацификација” на Украина.

„Тоа е целосно бесмислено, бидејќи тој е тој што го прави (геноцидот) или е на пат да го направи. Тој зборува за ослободување на Украина од нацизмот, но се однесува како нацист”, рече Стано.

Портпаролот на ЕУ на редовната прес-конференција во Брисел рече дека никој не ја знае конечната цел на Путин, бидејќи, како што додаде, тој никогаш официјално не ја објавил.

„Ова е толку нерационално, неоправдано и неразбирливо што е тешко да се види која е целта. Гледаме што се случува. Во основа, тој сака да ја уништи Украина, да и ја одземе независноста и да нанесе штета и страдање на украинскиот народ. Тоа е апсолутно нехумано и нецивилизирано и не припаѓа на Европа од 21 век”, објасни Стано.

Тој заклучи дека ЕУ е подготвена за секое сценарио, а со санкции реагира на конкретни дејствија на Москва, вклучително и кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот