Станбените заедници во Центар ќе добијат субвенции за поправка на лифтови и кровови на зградите

Од Општина Центар информираат дека е објавен Јавен повик за финансирање при поправка и санација на кровни конструкции и лифтови во колективни станбени згради на територија на општината.

-Ги повикувам сите станбени заедници во Општина Центар кои имаат потреба од санација на покриви или поправка на лифтови да аплицираат и да ги искористат средствата што ги нудиме. Ова е можност да се подобрат условите за живеење, безбедноста и енергетската ефикасност во вашите згради – напиша градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Финансиската поддршка изнесува 30 отсто од вредноста на проектот, но не повеќе од 150.000 денари за кровови и 300.000 денари за лифтови, останатите 70 отсто од трошоците ќе ги обезбедуваат сопствениците.

Повикот се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“, а право на учество имаат заедници на сопственици или управители од Општина Центар чиишто станбени згради се постари од 15 години и се населени најмалку 70 проценти од вкупниот капацитет на зградата.

За аплицирање, потребна е одлука со потписи од 50 отсто плус еден сопственик, како и комплетна документација според условите наведени во повикот како што се договори, понуди, фотографии, технички извештај и слично.

Пријавите се поднесуваат физички во општинската Архивата(барака шест) или по пошта во периодот од 10 мај до 30 јуни 2025 година, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Оние жители кои се заинтересирани, можат да се информираат на линкот или на веб-страницата на Општината. Заинтересираните жители може да се информираат на линкот во прилог  или на општинската веб-страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот