ССНМ бара Владата да обезбеди заштитна опрема за редакциите

Земајќи го предвид фактот дека новинарската професија после медицинскиот персонал е една од најистурените професии во борбата против ширењето на коронавирусот, а со оглед на недостатокот од заштитна опрема во аптеките и продавниците, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници бара од Кризниот штаб при владата да изнајде начин за обезбедување на соодветни количини заштитна опрема (гел за дезинфекција, ракавици и маски) за редакциите.

Истовремено, ССНМ ги повикува сопствениците на медиумите секој во рамките на своите можности да ја организира работата во редакциите на најефикасен можен начин во насока на обезбедување барем минимална заштита на своите вработени.

-Новинарите и медиумските работници се важна алка во борбата против коронавирусот. Тие извршуваат задачи и работа од јавен интерес без која не може да се замисли процесот на искоренување на вирусот во Македонија. Затоа нивната заштита е и треба да биде еден од приоритетите во општеството- наведуваат во соопштението од ССНМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот