Пилешки стек месо во маркет / ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Српските власти запленија 40 тони пилешко месо заразено со салмонела

Министерството за земјоделство објави дека благодарение на контролата на ветеринарната инспекција, откриено е и спречено циркулирање на голема количина пилешко месо заразено со бактеријата салмонела. Тие истакнуваат дека инспекцијата што е извршена по редовното земање примероци на живинарската фарма во Чиќевац на 29 јули 2025 година, утврдила присуство на салмонела во месото.

Ова е потврдено и со наодите на овластената и акредитирана ветеринарна лабораторија. Благодарение на соработката со полицијата, тие истакнуваат дека се запленети околу 40 тони потенцијално опасно пилешко месо, од кои дури 70 проценти не биле соодветно обележани и немале документација за потекло и безбедност, пишува Данас.

Во објектот се пронајдени бројни неправилности, вклучително и несовпаѓања помеѓу фактурираните и реалните количини. Министерството за земјоделство издаде решение до овој субјект со кое се забранува понатамошна работа, а сите количини на заразено и небезбедно месо ќе бидат уништени во согласност со прописите.

Дополнително, инспекциските служби на Министерството утврдија дека остатоците од колење живина биле нелегално фрлени на градската депонија, што создало ризик за животната средина. Овој сегмент е исто така предмет на понатамошни дејствија од страна на надлежните органи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот