Градежни работници/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Српските работници се жалат поради големата бучава на работното место

Во автомобилската индустрија на Србија речиси и да нема аспект од работничките права што не е загрозен на некој начин, а меѓу нив е безбедноста и здравјето при работа. Ова го покажа истражувањето „Позиција на работниците во автомобилската индустрија во Србија“, кое неодамна го презентираше Центарот за еманципација на политики, објави Политика.

Беа организирани анкети со работници во 10 фабрики, кои произведуваат за светски компании од областа на автомобилската индустрија. Во областа на безбедноста и здравјето при работа, на прашањето дали се задоволни од безбедноста на работното место, третина од испитаниците одговориле дека не се, една петтина дека се релативно задоволни, додека половината од нив се задоволни.

Треба да се напомене дека ова е воведно прашање во сегментот од интервјуто што се однесува на безбедноста и здравјето при работа, и дека голем дел од работниците кои првично изјавија дека се релативно или целосно задоволни од безбедноста, оценија одредени аспекти како незадоволителни.

– Голем број од испитаниците, дури три четвртини, истакнуваат дека има проблеми со вентилацијата на нивното работно место. Тврдат и дека температурата во комбинатот не е соодветна, особено во лето кога работата во халите е исклучително отежната поради високите температури. Во две фабрики, испитаниците тврдат дека во комбинатот нема доволно санитарни јазли или дека ги има, но не се во функција. Исто така, во две фабрики пријавуваат дека има влага, поради покривот кој прокиснува – се наведува во истражувањето. Секој четврти испитаник вели дека големината на работниот простор е несоодветна, а помал број од нив, секој десетти, истакнува дека осветлувањето во погонот не е соодветно. Од друга страна, мнозинството од испитаниците, три четвртини, истакнуваат дека има многу прашина во производниот погон.

Често потенцираат дека се задолжени за одржување на чистотата на работното место од страна на раководството, па чистат и за да не бидат изложени на санкции. Друг проблем со кој се соочуваат огромното мнозинство од испитаниците е високото ниво на бучава на работното место – покажа анкетата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот