Фото: МИА

Српските производители на пелети стравуваат од нелојалната конкуренција во регионот

Одлуката за укинување на забраната за увоз на дрвени пелети ги зголеми стравувањата кај дрвопреработувачите дека поради увозот на овој вид огревно дрво ќе станат неконкурентни на домашниот пазар и затоа постепено ќе ги затворат погоните. Владата на Србија во април минатата година донесе одлука за привремена забрана за увоз на пелети, на иницијатива на Министерството за енергетика. Одлуката стапи во сила на 13 април, со рок на важност од 90 дена, а забраната беше продолжена за истиот период во јули, октомври и декември пред да биде укината вчера, еден месец пред истекот на рокот на важност, пишува Данас.рс.

Според директорот на претпријатието за преработка на дрво „Био енерџи поинт“, Младен Стојадиновиќ, оваа одлука негативно ќе се одрази на домашното производство, бидејќи од соседните земји ќе пристигнат многу поевтини пелети.

„Доколку ништо не се промени, од конкурентска гледна точка, домашните производители ќе мора да го затворат производството. Состојбата е таква што од околните земји можат да стигнат многу поевтини пелети од овие овде. На цената на пелетите може индиректно да влијае државата бидејќи влијае на цената на ресурсите, струјата, горивото. Имаме ситуација во која сите овие цени во околните земји се значително пониски од овде“, посочува Стојадиновиќ.

Укинувањето на забраната ќе го погоди и претпријаието „Србијашуме“, кое како главен снабдувач на дрво нема да има на кого да го продаде доколку домашните производители на дрво прекинат со производството. Нивната имплементација беше под знак прашалник и лани, а годинава ако тоа не го направи индустријата за пелети која годишно откупува 700-800 илјади метри кубни дрва од нив, нема да можат нормално да функционираат“, предупредува Нова.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот