Пензионери во Германија/ Фото: Michael Gstettenbauer / imago stock&people / Profimedia

Српските доброволни пензиски фондови годинава имаат 4,2 отсто повеќе средства

Нето средствата на доброволните пензиски фондови на крајот на третиот квартал од 2024 година изнесуваат 59,8 милијарди динари и се за 4,2% повисоки од претходниот квартал, објави Народната банка на Србија. На промената на вредноста на нето-средствата влијаат нето плаќањата на придонесите во фондовите, исплатите на средствата од фондовите и добивката што ја остваруваат фондовите од инвестициите. Во третиот квартал од 2024 година, вкупните нето исплати изнесуваат 1,2 милијарди динари, членовите кои ги исполнуваат пропишаните услови повлекле 632,1 милиони динари, додека повратот од вложување на средствата на фондовите изнесува 1,9 милијарди динари – стои во Извештајот за третиот квартал, објавен од НБС, пишува Каматица.

НБС посочува и дека пазарната концентрација во секторот на крајот на третиот квартал од 2024 година, мерена со Херфиндал-Хиршман индексот, изнесува 2.775 поени, што сепак укажува на висока концентрација на пазарот на доброволни пензиски фондови. Доколку средствата се гледаат според висината на нето средствата на фондот во однос на висината на нето средствата на секторот, трите најголеми фондови заедно остваруваат пазарен удел од 81%, додека најголемиот фонд има учество од 42%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот