Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Српскиот рапер Девито се ожени во тајност: Гостите морале да потпишат бизарен договор пред прославата

Српскиот рапер Давид Љубеновиќ, попознат како Девито, се вери со својата девојка пред неколку месеци, а како што ексклузивно дознава српски „Курир“, сега двајцата се заколнале на вечна љубов.

Младиот изведувач ја организирал прославата во апсолутна тајност, па од своите 70-тина гости барал да потпишат бизарен договор за доверливост.

На секој од нив му било забрането да користи мобилен телефон, за да не се појават снимки и фотографии во јавноста. Покрај семејствата и пријателите, од српската естрада биле поканети само раперот Ем-Си Стојан и пејачката Теодора Џехверовиќ.

Венчавката била организирана во познат ресторан во Белград, а на новинарите од „Курир“, од страна на вработените, им било кажано дека не смеат ништо да коментираат, бидејќи и тие потпишале договор за доверливост.

Да потсетиме, Девито своевремено се сврши со девојка, на многу необичен начин. Имено, тој истакна дека наместо веренички прстен купил часовници за двајцата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот