
Српскиот доктор повторно изненади: Моја беше идејата децата да излезат и да се инфицираат (ВИДЕО)
Српскиот доктор Бранимир Несторовиќ на 27 февруари годинава, кога коронавирусот започна да се шири во Европа но се уште не беше распространет на Балканот, како експерт се појави на прес-конеференција на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Препорачано
Тогаш изјави дека коронавирусот е „најсмешниот вирус во историјата“ и им порача на жените за осми март да заминат на шопинг во Милано, по што јавноста го критикуваше и исмеваше, а сега повторно го привлече виманието со најновата изјава.
Пулмологот им порача на граѓаните дека сега е идеален момент да излезат од своите домови и да се заразат со коронавирусот, затоа што на тој начин ќе стекнат имунитет и ќе спречат враќање на Ковид-19.
Prof.dr Branimir Nestorovic:
"Sad je ustvari momenat da svi izadju napolje i inficiraju se." pic.twitter.com/D1FHyA29y2— Marko M. Dragoslavic (@DragoslavicM) May 6, 2020
- Ова повеќе не е истиот вирус од пред два месеци. Веќе две седмици немаме потешко заболени пациенти. Со минувањето низ луѓето вирусот ослабна. Ние на секој заболен имаме по 50 други кои биле инфицирани, но немале симптоми. Не верувам дека ќе дојде до втор бран, уверува доктор Несторовиќ.
„Јас бев заговорник да бидат отворени училиштата, ја заговарав идејата децата да излезат и да се инфицираат“, порача Несторовиќ.
Пулмологот исто така зборува дека коронавирусот пристигнал во Србија уште во јануари, кога забележале „чудни симптоми“ на воспалние на плуќата кај некои пациенти.
- Мислам дека тоа е сигурно. Тогаш немавме тестови, немавме елементи да ја бараме оваа болест, ама потполно е сигурно. Имавме тешка пневмонија оваа зима. Имавме и тешка пневмнонија предизвикана од грип.
Како што вели Несторовиќ, во моментов не се знае од каде Србија го „увезла“ ковид-19, но дека тоа ќе се дознае бидеќи се истражува, односно ќе има анализи кои ќе го утвртдат тоа.