Српска полиција/ Фото: МИА

Српската полиција откри шпионска опрема на селски имот близу границата со Романија

Српската безбедносна агенција БИА, во соработка со полицијата и надлежното обвинителство, откриле нелегални активности на фарма кај Кучево, на истокот од земјата, близу границата со Романија.

Била пребарана куќа, како и други простории од имотот, при што биле пронајдени неколку куфери.

Во нив, според БИА, имало четири дронови со придружна опрема, контролер за контрола на дронот, виртуелни очила, опрема за „фаќање“ дронови во лет во вид на мрежи, опрема за воспоставување сателитска комуникација т.н. Star Link (рутер и сателитски примопредавател), радио станици и импровизирани рачно изработени батерии.

Пронајдени се и фосфор и други запаливи течности, како и часовници кои најверојатно служеле за активирање на запаливи материи, разузнавачки уреди (двоглед), лаптоп компјутер и воени маскирни елеци-кабаници.

Според првичните информации од српските власти, овој имот „како импровизиран камп го користеле одреден број странци, државјани на повеќе држави“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!