
Српска листа: Протести од недела, утре одлука дали да се напуштат косовските институции
Претставниците на Српската листа (СЛ) најавија дека утре ќе одржат средба со претставниците на косовските институции на која ќе размислат дали да ги напуштат, а најавија и протести од недела, објави Н1.
Препорачано
Последниот бран на незадоволство уследи по суспензијата на директорот на косовската полиција во северниот регион, бидејќи тој, заедно со градоначалниците, Српската листа завчера најавија дека полицајците на северот нема да издаваат предупредувања за пререгистрација на табличките.
На прес-конференцијата одржана во просториите на СЛ, присуствувале четворица градоначалници на општините од северот на Косово, претседателот и потпретседателот на партијата Српска листа и други политички претставници на косовските и српските институции на северот.
Конференцијата, се одржува по разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ кои траеја цела ноќ, а поради актуелната состојба на северот, разрешувањето на директорот на косовската полиција за северниот регион Ненад Ѓуриќ.
Поранешниот полициски директор Ѓуриќ изјави дека повеќе нема да биде дел од лагите, туку од вистината и затоа повеќе не сака да биде припадник на косовската полиција.
„Не сакам повеќе да бидам припадник на косовската полиција, бидејќи сакам да се појавам со чисто лице пред Божјиот суд“, изјави Ѓуриќ
Инаку првиот човек на косовската полиција за северниот регион Ненад Ѓуриќ е суспендиран од работното место, веднаш откако косовскиот полициски инспекторат (ПИК) ја предложи мерката за пререгистрацијата на табличките.
Косовската полиција соопшти дека Ѓуриќ е суспендиран, поради тоа што не извршил законско овластување и не ја спровел официјалната одлука.
Суспендиран командир на косовската полицијa, одбил да им напише опомена на Србите