Илустративна фотографија за леб / Фото: Pexels

Србите ќе јадат поскап леб, векна од популарниот „Сава“ се зголемува на 62 динари

Според уредбата донесена од Владата на Србија, цената на лебот „Сава“, кој се прави од брашно Т-500, ќе се зголеми од 59 на 62 динари, додека максималната производствена цена е утврдена на 53,17 динари, како што е објавено во Службен весник на Србија.

На седницата на 3 јуни, Владата на Србија усвои измена на Уредбата за задолжително производство и трговија со леб направен од брашно Т-500, со која се зголемува максималната малопродажна цена на лебот, пренесува Танјуг.

Просечниот курс на динарот во однос на еврото денес е 117,1807, а во однос на доларот 100,0433 Измената на Уредбата за задолжително производство и трговија со леб направен од брашно Т-500 ќе стапи на сила осум дена по објавувањето во Службен весник, објави Политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот