Фото: Instagram/roksaa22

Србин одби да игра против ривал од Косово и остана без пласман на Светско првенство

Србинот Марко Роксиќ, еден од најдобрите играчи во светот на „е-фудбалот“, се повлече од квалификациониот турнир за Светското првенство затоа што не сакаше да игра против ривал од Косово.

Во првиот ден од турнирот, Роксиќ победи во сите пет одиграни натпревари, но одлучи да не игра кога дозна кој ќе му биде следниот ривал.

„После долго размислување, одлучив да не играм. Никој никогаш не играл ваков натпрева, па не би сакал да бидам прв. Останав без директен пласман во Ријад, но тоа е тоа. Би имал многу што да кажам, но подобро да молчам“, објави Роксиќ на социјалните мрежи.

Роксиќ кој беше дел од Рома и Барселона, а во овој момент ги брани боите на Арсенал требаше да победи само на уште еден меч за да дојде до пласман на Светското првенство во Ријад.

Претходно Роксиќ беше шампио нна Европа во „ПЕС“, претходнтоо име видео играта „е-фудбал“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот