Протести, Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Србија: Студентите се сретнаа со европскиот комесар за човекови права, еве ги деталите од состанокот

Во пост на социјалната мрежа „Икс“, српските студентите објавија дека одржале состанок со Европскиот комесар за човекови права. Во отворен дијалог, тие изразиле загриженост за колапсот на демократските процеси, нормализацијата на насилството и недостатокот на институционални реакции на барањата на студентите.

„Студентите во блокадата од Белград, Нови Сад и Нови Пазар се сретнаа на 26 април со Европскиот комесар за човекови права и членовите на канцеларијата на Европскиот комесар за човекови права“, објавија студентите.

Средбата се одржала за комесарот да се информира за актуелната ситуација во Србија, со посебен фокус на студентските протести и состојбата со човековите права, велат студентите.

„Во отворен дијалог, ние изразивме загриженост за колапсот на демократските процеси, нормализацијата на насилството и недостатокот на институционални реакции на барањата на студентите“, напишаа тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот