Нуклеарна централа на „Росатом“ во Русија / Фото: Wikimedia Commons / Flávia Villela/Agência Brasil / CC BY 3.0 br

Србија сака да гради нуклеарна централа со руска помош, веќе почнале преговори

Руската државна корпорација за атомска енергија, „Росатом“, и српските власти започнале конкретни преговори за проект за изградба на нуклеарна централа, изјави за руските медиуми српскиот амбасадор во Русија Момчило Бабиќ.

„Сериозно разговараме за ова со „Росатом“. Верувам дека нема подобра компанија во светот за изградба на нуклеарна централа. Убеден сум дека ќе се постигне напредок во наредните години, бидејќи ни е потребна електрична енергија. Ќе го направиме тоа во секој случај“, вели амбасадорот во изјавата која ја пренесе весникот „Комерсант“.

Во ноември 2024 година, српскиот парламент ја укина забраната за изградба на нуклеарни централи, која беше во сила од 1989 година по катастрофата во Чернобил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот