Фото: Принтскрин/Kanal MUP-a RH i policije

СПРЕЧЕНА НОВА MИГРАНТСКА ТРАГЕДИЈА: Хрватската полиција во возило пронајде специјален сандак каде се криеле девет лица

Полицијата на вуковарско-сремската жупанија денес пронајде девет странски државјани, заробени во дрвен сандак во товарно возило со кое управувал шверцер, пренесе српски „Курир“.

Мигрантите се пронајдени на автопатот Загреб-Липовац во близина на стојалиштетот Растовица, за време на контрола на возило со полски регистарски ознаки, во специјален сандак направен од иверца кој бил затворен со завртки.

– При отворањето на сакндукот, полициските службеници пронашле и веројатно ги спасиле животите на девет странски државјани – три мажи, две жени и четири малолетни лица. Во моментот на отворање на сандакот, полициските службеници почувствувале значително зголемена температура и загушлив воздух – соопшти локалната полиција.

За овој случај се уапсени три лица, еден државјанин на Украина и двајца на Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот