криумчарење препарати за заштита на растенија Фото: Царинска управа

Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

На граничниот премин Меџитлија во патничко возило „Мерцедес“ со македонски таблички пронајдена е поголема количина на хемиски средства за прскање на растенија со вкупна вредност од 16.058,00 евра.

Како што соопшти Царинската управа, биле пронајдени 322 шишиња хемиски препарати за прскање, од кои 300 шишиња инсектицид CORAGEN 20 SC и 22 шишиња фунгицид Bellis BASF кои биле скриени во багажниот простор зад куферите со лични работи, во просторот за резервна гума и на задните седишта.

– Возачот не поседувал соодветна дозвола за увоз, иако станува збор за стока што подлежи на посебен режим на дозволи со што безбедноста на производите не е гарантирана, велат од Царинската управа.

Во возилото патувало семејство кое, како што изјавило, се враќало од одмор од Турција преку Грција.

Стоката е задржана, возилото е одземено, а против лицето ќе биде поведена кривична постапка. Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги за понатамошно постапување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот