„Справување со дезинформациите на социјалните мрежи – предизвици и перспективи“- панел дискусија на ИМА

Институтот за медиуми и аналитика ИМА организира панел – дискусија на тема: „Справување со дезинформациите на социјалните мрежи – предизвици и перспективи“, која ќе се одржи на 26 февруари 2025 (среда) во хотелот Холидеј ин во Скопје, со почеток во 12 часот.

Панелисти на оваа дискусија се м-р Емилија Петреска Камењарова – Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), д-р Снежана Трпевска – Институт РЕСИС, Светлана Сиљјаноска – консултантка за стратешки комуникации и справување со дезинформации и Филип Стојановски – Фондација Метаморфoзис. Тие ќе ги претстават нивните наоди и анализи на оваа тема.

Модератор е на дискусијата е Петрит Сарачини. По излагањата на панелистите, предвидена е дискусија со учесниците и присутните на настанот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот