Дарко Ангеловск-Шаби Фото Слободен печат/Методи Здравев

„СПорткаст“ | Дарко Ангеловски-Шаби: Си прават приватен бизнис од репрезентацијата, тој приватен бизнис дојде и мене да ме брка од националниот дрес

Либерото на македонската одбојкарска репрезентација, Дарко Ангеловски-Шаби беше гостин на првата епизода на „СПорткаст“ на „Слободен печат“. Шаби пред микрофонот ги раскажа своите почетоци во одбојката, репрезентативните настапи, чувството да се претставува Македонија на меѓународна сцена, но и за проблемите во националниот дрес.

„Има млади деца, но има интересна политика кај нас. Се прави приватен бизнис од репрезентацијата. Репрезентацијата не е приватен бизнис, државно е сево ова. Тој приватен бизнис дојде и мене да ме брка од репрезентација. Да бркаат играчи кои заслужуваат да бидат дел од репрезентација, што се таленти, а на нивно место доааѓат нивни миленици кои врска немаат од одбојка. Тие миленици доаѓаат со цел да не се направи смена на играчите. Мислам дека играчите што имаат 35 плус години редно е да го препуштат местото на младите. Имаме златни деца кои играат на позиција на капитен, што треба да напредуваат, но некој не си го дава гнездото. Мене не ми е срам да се откажам ако има некој подобар од мене. Пробаа да бидат подобри и на терен и надвор од терен, но Шаби кога ќе стапне на терен… за првпат на натпреварот со Чешка од Европска лига, струмичаните скандираа Шаби, Шаби…“ , рече Дарко Ангеловски-Шаби на „СПорткаст“  со Стефан на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот