
Спиела со 300 луѓе во една година: Добила отказ поради профил на „ОнлиФанс“, а сега заработува 1000 евра на ден
Австралијката Ени Најт (26) добила отказ кога нејзините работодавци дознале дека има профил на платформата за експлицитни содржини „ОнлиФанс“, а после тоа можела слободно да зборува за своето минато.
Препорачано
Имено, таа во „The Kyle and Jackie O Show“ открила дека во текот на една година спиела со 300 мажи, но и дека во еден ден успеала да има интимни односи со пет мажи, пишува „Њујорк пост“.
„Потоа се чувствував моќно. Интимните врски прават да се чувствувам добро. Тие се наменети да направат да се чувствуваш добро“, изјавила Ени.
Во емисијата таа открила дека спие со мажи и жени, а многу нејзини сексуални партнери ги запознала на интернет. Има и „редовни“ љубовници, кои ги поканува секогаш кога може.

Најт неофицијално ја носи титулата на жената која имала најинтимни врски во Австралија, на која и нема крај кога станува збор за експериментирање во сексуална смисла.
Сепак, една од нејзините животни анегдоти не била добра за неа. Работодавците дознале дека Ени има профил на платформата „ОнлиФанс“, поради што добила отказ.
„Последното нешто што сакав беше да добијам отказ ако некој го открие мојот профил“, изјавила таа.
„Имаше листа од три причини зошто бев отпуштена“, вели Најт, додавајќи дека е многу вознемирена и многу лута поради одлуката на нејзината компанија.
„Тие рекоа дека не сум ги информирала дека имам споредна работа, дека не сум побарала дозвола од компанијата да водам споредна работа и дека имам фотографии кои се против правилата на компанијата“, изјавила таа.
Таа повеќе не се навраќа на минатото, а сега заработува 1.000 евра дневно од претплати на „ОнлиФанс“, пишува „Њујорк пост“.
