СпејсИкс / Фото Архива

„Спејс Екс“ успешно ја тестираше својата мега-ракета „Старшип“

Во вторник вечерта, компанијата „СпејсЕкс“ успешно го спроведе најновиот тест на својата мега-ракета „Старшип“ – најголемата досега изградена во светот, со што се изврши првото распоредување на тест товар – осум имитациски сателити – без екипаж во вселената.

По малку повеќе од еден час од лансирањето, двата дела од повеќекратно употребливиот „Старшип“ слетаа во Индискиот Океан и Мексиканскиот Залив, како што беше планирано.

„Старшип“ беше лансиран од Старбејс, местото за лансирање на „СпејсИкс“ во Јужен Тексас, веднаш по 18:30 часот. Тоа беше 10-ти тест за најголемата и најмоќна ракета во светот, која „СпејсИкс“ и американската вселенска агенција НАСА се надеваат дека ќе ја користат за враќање на астронаутите на Месечината.

НАСА нарача два „Старшипови“ за слетување на астронаути на Месечината на крајот од оваа деценија, а Марс е крајната цел на извршниот директор на „СпејсИкс“, мултимилијардерот Илон Маск.

Тестот вклучуваше и успешно враќање на „Суперхеви бустер“ на вселенското летало „Старшип“, кое по тестирањето на моторот на слетувачкиот механизам беше првото што се спушти во Мексиканскиот Залив.

Самиот „Старшип“ продолжи да орбитира околу Земјата – од дневна светлина во Тексас преку ноќ и назад до ден – пред неговото закажано спуштање. Пред леталото да се спушти во брановите на Индискиот Океан, моторите се вклучија, вртејќи го така што слета исправено, со носот нагоре.

Планирано е двата дела од леталото да слетаат на местото од каде што беа лансирани, но ова сè уште не е обидено.

Успешната демонстрација следеше по една година несреќи. Два последователни теста во јануари и март завршија само неколку минути по лансирањето, а остатоците паднаа во океанот. Најновиот тест во мај – деветтиот обид – заврши кога леталото ја изгуби контролата и се распадна.

Ракетата „СпејсЕкс Супер Хиви“ е висока дури 120 метри и широка рекордни девет метри, тежи 276 тони празна, има 33 мотори „Раптор 3“ и може да носи до 150 тони товар, потенцијално 200.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот