Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер/ Фото EPA-EFE/OMER MESSINGER

СПД одби да го исфрли Шредер од партијата

Социјалдемократската партија на Германија (СПД) одби да го исклучи поранешниот канцелар Герхард Шредер од партијата, поради блиски врски со рускиот енергетски сектор и претседателот Владимир Путин.

Арбитражниот одбор на огранокот на СПД во Хановер разгледуваше 17 барања од членови на партијата за покренување постапка против Шредер.

Тој има долгогодишни врски со рускиот енергетски сектор и одби целосно да се дистанцира од Путин, откако Русија изврши инвазија на Украина. Меѓутоа, одборот на СПД утврди дека неговите постапки не претставуваат кршење на правилата на партијата.

Можноста Шредер да биде искл чен од партијата на канцеларот Олаф Шолц не беше голема затоа што во Германија исклучување на член од политички партии е сложен, напорен и често долг процес, а неретко по него нема исклучување.

Но, можна е жалба на денешната одлука.

Шредер беше канцелар на Германија од 1998 до 2005, а лидер на СПД од 1999 до 2004 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот