Оливер Спасовски

Спасовски: Власта целосно нелегално го основа средното полициско училиште

Во Собранието заврши расправата за предложениот закон за средното полициско училиште.

Заменик-претседателката на Собранието, Весна Бендевска, објави дека овој закон се донесува со мнозинство гласови од присутните пратеници, во кој случај мора да има „бадентерово мнозинство“, односно мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во државата.

Оливер Спасовски, координатор на групата пратеници на СДСМ, нагласи дека ова законско решение е неуставно, е целосно надвор од Законот за средно образование, во ниту еден случај не е во корелација со овие законски норми и на тој начин, како што рече, излегува надвор од рамките на образовниот процес во Македонија.

Минатата недела, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, објави дека Средното полициско училиште ќе се врати од следната учебна година, од септември 2026-та.

Тошковски најави и загарантирано вработување за сите оние што ќе завршат средно полициско училиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!