
Спасовски: Пикот на заразата кај нас ќе е помеѓу 2.000 и 2.500 заразени граѓани
Велигденските и Рамазанските празници ќе ги минеме дома. Верниците своите молитви ќе ги упатат од дома, изјави премиерот Оливер Спасовски.
На секој од нас му е јасно дека нашето живеење е целосно променето. Живееме во невидена пандемија. Ниту една земја не успеава да ги заштити своите граници. Вирусот не бира кого ќе нападне. Последиците по економиите и општествата се големи. Кај нас бројката на заразени надмина над 550 граѓани, изјави на денешната прес конференција премиерот Оливер Спасовски.
Препорачано
– Нашиот најголем приоритет е да ги заштитиме граѓаните и јавното здравје. Голем дел од заболените ќе минат со лесни симптоми, за некој ќе треба болничко лекување, а некој веќе ја изгубија битката со коронавирусот. Тоа се тешки моменти за секого. Секој од нас би сакал да знае кога се ова ќе заврши. Но, ниту светот, ниту ние немаме одговор – рече Спасовски.
Нагласи дека оваа битка ќе трае, и само заедно ќе може да се намали офанзивата на коронавирусот. Рече дека треба да бидеме чесни и искрени.
– Следните две до три недели ќе го достигнеме пикот на заразата кај нас ќе биде помеѓу 2.000 и 2.500 заразени граѓани – изјави премиерот Спасовски.
За новите поризгорозни мерки за зголемување на полицискиот час, Спасовски рече дека повеќе од потребни.
– Велигденските и Рамазанските празници ќе ги минеме дома. Верниците своите молитви ќе ги упатат од дома – рече Спасовски.
Премиерот рече сите да останат дома колку што е можно повеќе и сите обврски да се одложуваат освен, ако не е повеќе од потребно.
– Држете дистанца и само така ќе се заштитете себе си. Државата има капацитети. Активни се над 1.000 кревети. Ајде сите да се покажеме како херои и да не ги полниме креветите во болниците – рече Спасовски.
За лажните вести и медиумите рече да се повикуваат само на официјалните информации од надлежните институции.