
Спасовски: МВР по наредба на суд влезе во неколку фирми
Денеска МВР, по наредба од надлежниот суд и од обвинител, е влезена во неколку фирми, со цел да се изврши контрола, проверка на сите факти, аргументи кои се дадени во наредбата, рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи одговарајќи на новинарското прашање дали е точно дека МВР врши истрага во фирми на семејството Камчеви.
Препорачано
Според Спасовски станува збор за три фирми.
– По наредба од надлежен суд и од обвините, денеска МВР е влезена во неколку фирми со цел да се изврши контрола, проверка на сите факти, аргументи кои се дадени во наредбата. Тоа е работа на полицијата која ќе влегува во сите фирми и ќе спроведуваме постапки за сѐ каде што ќе имаме сомнежи за криминал. Од МВР нема информации, со имиња, во кои фирми се влезени. Јас само потврдувам дека се работи на расчистување на работите во три фирми – изјави Спасовски, кој денеска во Прилеп беше присутен на означување на завршувањето на првата фаза од работите на ИКТ-Центарот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
22сек
-
5мин
-
7мин
-
11мин
-
12мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5