
Спасовски го посети Регионалниот центар Запад: Безбедносната состојба во Охрид и Струга е стабилна, нема индиции да биде нарушена
Безбедносната состојба на подрачјето на Регионалниот центар Запад, СВР Охрид и СВР Струга е стабилна и без индиции да биде нарушена. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на активноста „Безбедно лето 2023“ денеска оствари центар со раководството на Регионалниот центар Запад за да се запознае со безбедносната состојба во тој регион. Како што информираат од МВР, забележан е раст на бројот на туристи за 40 отсто, за 16 проценти е зголемен протокот на патници на граничните премини, а во делот на илегална миграција се бележи намалување на нелегално преминување на нашата граница. За 22 отсто е намален вкупниот криминал на подрачјето на СВР Охрид во изминатите пет месеци.
Препорачано
Бројот на туристи пред самиот ек на туристичката сезона е зголемен за 40 отсто – годинава таа бројка изнесува 50.817 лица странци во споредба со истиот период минатата година кога таа бројка изнесуваше 36.843.
Протокот на патници на граничните премини кои спаѓаат во склоп на РЦ Запад споредбено со истиот период од минатата година 2023 /2022 бележи зголемување за 16 проценти односно регистрирано е влез/излез 1.527.153 во споредба со минатата година кога бројката беше 1.320.304 патници. Во делот на илегалната миграција се бележи намалување на илегални преминување на нашата граница како резултата на мерките и активностите кој се преземаат на терен и добрата поставеност на нашите служби, откриени се 36 лица при обид за незаконско преминување на државната граница од кои 4 Мароко, 3-Сирија, 2-Палестина, 2-Холандија и 25 лица од Албанија – велат од МВР.
Вкупниот криминал на подрачјето на СВР Охрид, од Министерството додаваат дека бележи намалување за 22 отсто во изминатите пет месеци од 2023 година, споредбено со истиот период претходната година. Во делот на тешките кражби, во текот на 2023 година, бележиме намалување на овој вид пријавени кривични дела за 38 проценти, споредбено со истиот период лани.
Класичниот криминал на територија на СВР Охрид во првите пет месеци од 2023 година бележи намалување 20 проценти, споредбено со истиот период 2022 година.
Исто така бележиме намалување и во делот на економскиот криминал каде годинава во споредба со првите пет месеци од минатата имаме намалување за цели 38 проценти на територија на СВР Охрид. Позитивен тренд се бележи и во областа на сообраќајот каде имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди – потенцираат од Министерството.