ООН/Фото: МИА

Советот за безбедност на ОН ќе расправа за политичката ситуација во БиХ

Утре во Њујорк ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на која ќе се расправа за политичката ситуација во Босна и Херцеговина, јавува РТРС.

Позицијата на Република Српска ќе ја застапува српската членка и претседателка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ. Владата на Република Српска веќе го достави својот извештај, во кој се наведува дека раководството на РС дејствува со цел да го зачува Дејтонскиот мировен договор, кој Република Српска целосно го почитува, како и Уставот на Босна и Херцеговина, кој е нејзин составен дел.

Владата на РС соопшти дека „светот утре ќе има можност да слушне кој ја предизвика најголемата политичка криза и ја врати БиХ три чекори назад“.

„Наместо строго да се почитува Дејтонскиот мировен договор, неговиот дух беше произволно толкуван, со наметнување одлуки од странци, особено од Кристијан Шмит“, се наведува во извештајот на Владата на РС.

„Република Српска ја изразува својата целосна подготвеност да се вклучи во искрени разговори со партнерите во Босна и Херцеговина со цел да се стави крај на кризата предизвикана од репресивните дејствија на Кристијан Шмит“, се наведува во извештајот на Владата на Република Српска, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот