
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат итна оставка од менаџментот на Зоолошка градина
Итна оставка од менаџментот на Зоолошка градина и брза реакција на градоначалничката Данела Арсовска бараат советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, поради состојбата во која се наоѓа оваа институција.
Препорачано
Денеска дел од советничката група на оваа парија направила вонредна посета на ЗОО, кадешто за помалку од месец дена угинаа повеќе животни, соопшти советникот Стефан Кирков нагласувајќи дека побарале одговорите од менаџментот на оваа установа, но тие биле игнорирани како и секогаш кога се работи за прашања поврзани со оваа установа и немало никој да каже што конкретно се случува таму.
Сакаме да ја информираме целата јавност дека Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје кога се работи за Зоолошката градина и сето она кое требаше да биде изгласано и донесено како предлог до нас, сето тоа беше поминато и уредно навремено изгласано. Субвенции, неколку пати го субвенционираме ова јавно претпријатие, развојната, инвестиционата програма, дел од вработувањата, се е поминато од страна на нас како советници, но проблемот со функционирањето на Зоолошката градина сепак гледаме до каде не доведе. Таа е една темна приказна кадешто за пократко време умираат повеќе од 40 егзотични животни под нерасчистени околности. Исто така сакаме да потенцираме дека и во вчерашниот ден на моја пријава до АХВ, веднаш постапи и направи вонреден инспекциски надзор – вели Кирков.
Според нивни сознанија, биле констатирани низа прекршоци и изречена била финансиска казна за правниот субјект и за директорот поради тоа што сакале да ја прикријат смртта на две лами кои починале неодамна, а за кои е констатирано дека имале заразна болест туберкулоза, болест која, како што вели, е пренослива и на луѓе . Исто така, од АХВ било констатирано дека и останатите две лами имаат симптомите на туберколоза и наредено ббило веднаш да бидат изолирани од посетители и од останатите животни.
Во оваа установа се работи тотално аматерски и тоа навистина е загрижувачки, нека оваа наша посета и посетата на АХВ бидат аларм да се направи некоја измена и да почне да се работи онака како што треба, за да не дојдеме до ситуација да се прогласи епидемија и повторно оваа установа да доживее, да има клуч на својата врата. Бараме веднаш оставки од целиот менаџмент на установата како и брза реакција на градоначалничката поради тоа што сите препораки на АХВ ќе доведат и до клуч на оваа установа поради небезбедни услови. Скопје не заслужува да му се случува ова, а Зоолошката градина се наоѓа во срцето на Скопје. Таа е една од најстарите зоолошки градини во Европа и во моментов како што кажав ги доживува своите најтемни денови од своето постоење. Алармираме веднаш да се преземе нешто, под итно одговорност, и ги уверуваме сите дека за многу кратко време од сега доаѓаат и многу поубави денови за Скопје ЗОО – наглаџси Кирков.