
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска е во паника, антидатирањето бројчиња во архива е кривично дело
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје реагира на последните случувања во Град Скопје, откако градоначалничката Данела Арсовска, им се закани со разрешување на директорите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, доколку не си поднесат оставки.
Препорачано
Вчера Арсовска на прес конференција ги пофали директорите на јавните претпријатија дека се на ниво на задачата и дека одлично ја извршуваат, а денес лаже кога вели дека ги разрешува поради несоодветно работење. Ниту понуда од Арсовска до директорите за доброволно заминување, ниту барање за оставка имало. Ја потсетуваме Арсовска дека антидатирањето бројчиња во архива е кривично дело, а лажењето на јавноста е лицемерие кое скопјани не го заслужуваат. Одлуките на директорите се последица на паниката на Арсовска дека никој не сака да соработува со градоначалничка која очигледно не е способна да донесе резултати кои ги вети. Ваквиот чекор е доказ дека власт по секоја цена и преку газење на принципи не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ. Функцијата значи одговорност спрема граѓаните, реагира советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Уште двајца директори на јавни претпријатија си поднесоа оставка
Мицкоски за Арсовска: Кога не се исполнуваат очекувањата, патиштата може да се разминат