Роберт Фицо / Фото EPA-EFE/Szilard Koszticsak

Состојбата на словачкиот премиер по новата операција е стабилна, но многу тешка

Здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицо се уште е сериозна и рано е да се каже дали ќе закрепне, изјави денеска неговиот заменик Роберт Калинак, ден по атентатот.

„За жал, сè уште не можам да кажам дека победуваме во напорите да го спасиме животот на Фицо, ниту дека прогнозите се позитивни бидејќи последиците од повредите предизвикани од четирите прострелни рани се такви што одговорот на телото на нив ќе продолжи да биде многу тежок“, рече министерот Калинак

.

Миријам Лапуникова, директорка на Универзитетската болница „Рузвелт“ во Банска Бистрица, каде што се лекува Фицо, изјави дека на 59-годишниот премиер му била извршена петчасовна операција во која учествувале два медицински тима за санирање на повеќе прострелни рани.

„Во овој момент успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, но сепак е многу сериозна. Тој ќе биде задржан на интензивна нега“, изјави таа. п

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот