фото: EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Сопствениците на ПСЖ ја купуваат Малага за 100 милиони евра?!

Инвестицискиот фонд Катар Спортс Инвестментс, сопствениците на ПСЖ покажаа голем интерес за преземање на шпанскиот фудбалски второлигашки клуб Малага, пренесуваат шпанските медиуми.

Шпанскиот клуб моментно е во сопственост на групацијата за хотели и недвижнини БлуБеј и катарскиот бизнисмен Абдула Ал Тани, но клубот го води стечаен управник поради финансиски проблеми.

Според пишувањата на медиумите, преговорите се во завршна фаза, а целата трансакција би изнесувала околу 100 милиони евра.

Катар Спорт Инвестментс поседува околу 87 отсто од акциите на ПСЖ и 21,7 отсто од португалскиот клуб Брага.

Малага играше во четвртфиналето на Лига Европа во 2003 година, а 10 години подоцна во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Се наоѓа на 15 место во Сегунда со 42 бодови, седум повеќе од зоната за испаѓање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот