Александар Јанев, Борко Ристовски и Илија Чалшев

Сопругата на помошник-директорот во МВР – Чалшев – именувана за државен правобранител за Скопје

Катерина Караколева Менис, сопругата на помошник-директорот на Одделот за криминалистичка полиција, Илија Чалшев Менис,  е именувана за државен правобранител во државното правобранителство за подрачјето на Скопје.

Владата за оваа функција објавила оглас на 17 април и Караколева Менис била избрана по претходно прибавено мислење од државниот правобранител на државата.

Чалшев Менис беше именуван за помошник-директор на Одделот во август минатата година од страна на тогашниот министер во техничката влада, а сега актуелен министер за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев.

„Слободен печат“ испрати прашања до Владата дали именувањето на Караколева е непотизам, но оттаму тврдат дека постапката била целосно транспарентна и дека не постоел судир на интереси, но не го споменуваат непотизмот.

– Изборот е направен согласно јавен оглас при што кандидатот ги исполнуваше сите предвидени услови во огласот и важечката законска регулатива. Оттука Ви укажуваме дека постапката е реализирана според законски процедури и нема ништо спротивно на законските. Врз основа на тој оглас, при претходно спроведената постапка е донесена одлука за именување од страна на Владата. Важно е да се знае дека целиот процес е јавен и транспарентен. Дополнително не станува збор за две лица именувани од страна на Владата за да постои судир на интереси – велат од Владата за „Слободен печат“.

Чалшев е претставник на Комисијата за јавни набавки во МВР, а неговиот брат Здравко Чалшев е именуван за член на Комисија за инфраструктура при Фудбалската федерација на Македонија и управител на „Масмен“ фирмата на сопругата и братот на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот