Нови мотоцикли за сообраќајната полиција / Фото: МВР

Сообраќајните полицајци се подновија со 23 мотоцикли и возачка опрема

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) Горан Ангеловски денеска ја презентираа новата опрема наменета за МВР – 23 мотоцикли „Piaggio“ од 310 кубни сантиметри и 23 комплети возачка опрема, која се состои од одела, кациги, ракавици и чизми.

Нови мотоцикли за сообраќајната полиција / Фото: МВР

„Со денешниот настан ја истакнуваме успешната соработка со РСБСП, која континуирано придонесува за подобрување на сообраќајната безбедност. Координацијата меѓу институциите носи конкретни резултати за граѓаните“, рече министерот Тошковски.

Нови мотоцикли за сообраќајната полиција / Фото: МВР

Претседателот на РСБСП Ангеловски додаде дека опремата, во вредност од 11.950.027 денари, ќе го зајакне капацитетот на МВР за регулирање на сообраќајот и обезбедување безбедност на патиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот