Сончево време / фото; МИА

Сончево и топло време со температури до 31 степен

Во раните утрински и претпладневни часови во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој локално ќе биде над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Како што информира УХМР, од утре ќе преовладува претежно сончево и ветровито време. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, над 60 километри на час, особено долж Повардарието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот