Дарко Димовски, претседател на ССМ / Утрински брифинг
Дарко Димовски, претседател на ССМ / Утрински брифинг

Сојуз на синдикати: Немаме различни позиции со КСС, се бориме за зголемување на платите

Сојузот на синдикати на Македонија се залага секој вработен – од хигиеничар до директор да добијат зголемување на платата колку што изнесува растот на минималната плата, а тоа е 2.806 денари во нето износ. Ваквиот предлог на ССМ во никој случај не е спротивен на барањето на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, изјави за „Слободен печат“ Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Денеска, на прес конференција, претседателот на КСС Благоја Ралповски, рече дека КСС не се сложува со идејата на ССМ за линеарно зголемување на сите плати по 2.806 денари, затоа што тоа би бил долг процес со измени на закони, место едноставното решение што го нудат тие, а тоа е зголемување на вредноста на бодот.

– Не знам зошто претседателот на КСС Ралповски вели дека има различни ставови со ССМ за растот на платите кога математиката се сведува на истото, а тоа е платите на работниците да се зголемат согласно растот за минималната плата. Секако, дека и овие 2.806 денари ќе мора да се претворат во бодови и да се додадат на сегашните бодови. За тоа не треба промена на регулатива и тоа може да се случи веднаш, а нејасно е зошто синдикат наместо да се бори со колективен договор да се зголемат платите, се бори Влада односно работодавач сам да му утврдува зголемување на плата што нималку не е синдикално – вели Димовски.

Тој уште еднаш го повика КСС, сите работници и сите братски синдикати, да дојдат на Првомајскиот протест и така овој протест да биде најмасовен – во интерес и на вработените во администрацијата и на вработените во приватниот сектор, затоа што сите, согласно регулативата, треба да добијат зголемување на платите за најмалку 2.806 денари во нето, соодветно на зголемување на растот на минималната плата.

Во однос на повикот на КСС за учество на ССМ на протестот на администрацијата што би се организирал секој ден од 26 април, Димовски вели дека ССМ уште на 6 април кажа дека ги стави на располагање сите капацитети во насока на поддршка пред се на братските грански синдикати здружени во ССМ , но и дека ќе застане рамо до рамо во спроведување на активностите ( протестите и штрајковите ) кои ги преземаат сите синдикати за зголемување на платите на работниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот