
Сојот „делта“ ги задржа рестриктивните мерки во Британија
Варијантата делта, првпат идентификувана во април во Индија, сега е доминантна во Обединетото Кралство. Министерот за здравство Мет Хенкок изјави дека со позаразниот сој се инфицираат главно Британци што не се вакцинирани, а тие се речиси една половина од населението.
Британија најверојатно нема да го спроведе на 21 мај најавеното разлабавување на рестриктивните мерки против ковид-19 поради брзото ширење на новиот сој „делта“, кој според истражувањата е за 40 отсто позаразен од претходниот.
Препорачано
Варијантата делта, првпат идентификувана во април во Индија, сега е доминантна во Обединетото Кралство. Министерот за здравство Мет Хенкок изјави дека со позаразниот сој се инфицираат главно Британци што не се вакцинирани, а тие се речиси една половина од населението.
Британските власти планираа да укинат дел од рестриктивните мерки на 21 јуни, но сега конечната одлука е одложена за идниот понеделник.
Од почетокот на пандемијата досега се регистрирани повеќе од 174 милиони случаи на ковид-19, а вирусот сега е потврден кај речиси 13 милиони луѓе, според податоците од сајтот „Ворлдометерс“. Индија со 28,9 милиони регистрирани случаи наскоро може да ги надмине САД како земја во која е потврден најголем број инфицирани лица – повеќе од 34 милиони. На трето место во светот според бројот на досега заразени лица е Бразил со речиси 17 милиони, а најмногу во Европа се регистрирани во Франција 5,7 милиони и во Турција 5,2 милиони.
Како последица од ковид-19 низ светот досега починале повеќе од 3,7 милиони луѓе, но Светската здравствена организација проценува дека бројот на смртни случаи може да биде два до три пати поголем од официјално регистрираниот.
Наспроти големите напори за масовно вакцинирање на населението, глобално искоренување на коронавирусот во моментов не е разумна цел, оцени Дејвид Набаро, специјален пратеник на СЗО за ковид-19.
– Човештвото ќе мора да научи да живее со овој вирус, спречувајќи го нагло да еруптира и да предизвика жаришта на болеста. Искоренувањето во моментов не е разумна цел за светот – изјави докторот Набаро за телевизијата „Скај њуз“. Тој предупреди дека сега се истражува нова варијанта што е забележана во жариште во Непал. Набаро рече дека тоа ќе биде „шемата во иднина и дека вирусот нема наскоро да исчезне, туку ќе се појават варијанти.
Повеќе од сто поранешни премиери, претседатели и министри за надворешни работи ги повикаа лидерите на Седумте индустриски најразвиени демократии да обезбедат 44 милијарди од потребните 66 милијарди долари за вакцинирање на жителите на најсиромашните земји.
Во отвореното писмо се бара од лидерите на Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија, САД, Канада и Јапонија на самитот на Г-7 при крајот на оваа недела да се потрудат „да ја направат оваа година пресвртница во глобалната соработка“.
Меѓу потписниците на писмото се поранешните британски премиери Гордон Браун и Тони Блер, поранешниот генерален секретар на Обединети нации, Бан Ки-мун и 15 поранешни африкански лидери.
Истражување нарачано од добротворната организација „Спасете ги децата“, покажа дека 79 проценти од Британија сметаат дека земјите од Г-7 треба да платат за вакцинација против ковид-19 за најсиромашните за да се заштитат индиректно и себеси од развој на нови мутации на коронавирусот.