Кина знаме Кинеска комунистичка партија ККП Кинез
Фото EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Софтверот за препознавање лице е широко користен во Кина, но сега доаѓаат првите ограничувања

Регулаторното тело за сајбер простор на Кина (CAC) објави нацрт-закон за надгледување на безбедносното управување со технологијата за препознавање лица, откако јавноста во таа земја изрази загриженост поради прекумерната употреба на технологијата.

CAC објави дека технологијата за препознавање лице може да се користи за обработка на податоци за лицето само ако има одредена цел и доволна потреба и со строги заштитни мерки. Употребата на оваа технологија ќе бара и согласност од поединци, се вели во соопштението на CAC.

Регулаторот додаде дека решенијата за биометриска идентификација не треба да имаат приоритет пред препознавањето на лицето во случаи кога овие методи се подеднакво ефикасни.

Биометриската идентификација, особено препознавањето на лицето, стана широко распространета во Кина. Во 2020 година, локалните медиуми објавија дека препознавањето на лицето било користено дури и за активирање на тоалетна хартија во јавните тоалети, што во тоа време предизвикало загриженост кај јавноста, како и кај регулаторите.

Многу кинески судови оттогаш пресудиле против употребата на технологијата и казниле голем број компании за прекумерна употреба на технологијата за препознавање лице, пишува „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Предлог-законот на CAC забранува поставување слики и уреди за лична идентификација во хотелски соби, јавни бањи, соблекувални, тоалети и други места кои можат да нарушат нечија приватност. Регулаторот додаде дека уредите за снимање треба да се инсталираат на јавни места само заради јавна безбедност и со истакнати предупредувачки знаци до нив.

Предлогот доаѓа откако Кина го воведе својот прв закон за приватност на корисниците во 2021 година, со цел да се спречи прекумерната употреба на кориснички податоци од компаниите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот