Социјално загрозено семејство со четири малолетни деца секој месец останува без струја

Социјално загрозено семејство од село Раштак во Гази Баба бара помош од сите кои може да помогнат во нивната голгота која ја преживуваат. До нашата редакција испратија писмо во кое велат дека постојано се „малтретирани“ од страна на ЕВН, кои постојано им ја исклучуваат струја, а сето тоа се случува додека нивните три деца следат настава онлајн.

„Слободен печат“ стапи во контакт со нив, мајката е загрижена за своите дечиња, вели не сака да ги малтретира секој месец, одејќи на пункт на ЕВН да моли, кога, како што вели, долгот редовно го исплаќаат.

-Станува збор за долг од 170 илјади, кој го исплаќаме редовно на рати. Сопругот мој направи договор со директорот на ЕВН пункот во Бутел, но усмен, да ни се дозволи на рати да исплаќаме, но тие не се придржуваат до него и секој месец на 17 ние сме оставени без струја- вели Гордана Ѓорѓиевска за „Слободен печат“.

Ова семејство брои 6 члена, оставено е на милост на државата, мајката не работи се грижи дома за дечињата, а нејзиниот сопруг Драги е молер, кој повремено работи. 

-Ние сме социјално загрозено семејство, вели Гордана, имаме четири деца, децата треба да следат настава преку интернет. Сметките за струја ги плаќаме, се работи за некој стар долг, повеќе пати одиме во ЕВН протестираме ќе не примат на разговор ќе се договориме и ќе ни кажат дека нема повеќе да ни исклучуваат струја, и потоа пак постојано ни исклучуваат струја, се изживуваат со нас како да не сме луѓе- вели семејството Ѓорѓиевски.

Гордана го слушала премиерот како вели дека е кажано многу јасно да не се блокираат сметки и да не се исклучува струја додека трае кризата со епидемија, посебно за социјално загрозени семејства и деца.

-Сакаме да ни се помогне да направиме некој договор писмен, со кој нема секој месец да го доживуваме истото. Плаќаме по 2 илјади денари за долот, од парите кои ги земаме од социјалното како детски додаток. Бараме помош од сите што можат да помогнат, да се почитуваат човековите права и законите, децата да можат да следат настава, да можеме да опстанеме да ги поминеме оваа криза и епидемија, да се почитува нашето човечко достоинство да не се изживуваат со нас – раскажува Гордана.

Семејството Ѓорѓиевски повикувало и телевизиски екипи, но кога тие ќе пристигнеле на местото, струјата веќе била пуштена.

-Досега три пати се случува ова, а одоговорт ЕВН е дека е пронајдена некоја камата. Ние повеќе пари немам да ја помириме, се работи за камата од 6 илјади денари. Од социјалната помош делиме и за долгот за ЕВН и за секојдневни трошоци. Сопругот е молер, но не е осигуран, нема постојана работа- вели видно вознемирена Гордана.

Портпаролката на ЕВН, Вјоса Селими вели дека има начин како да се помогне на ова семејство, иако станува збор за голем долг.

Во конкретниот случај, велат од ЕВН, корисникот има повеќегодишен долг за кој ЕВН му излегува во пресрет со сите можни опции.

-За корисникот се креирани посебни предуслови со цел да му се овозможи потпишување на договор за плаќање на долгот на рати. Ваков договор на рати ќе му се понуди веднаш по исполнување на предусловните обврски. Корисникот е запознаен со поволностите кои му се нудат и е спремен да ги исполни. Истиот во моментот има електрична енергија- одговорија во ЕВН за „Слободен печат“.

Постои и друго решение како да се подмири долгот на ова семејство во специфични услови на живот во држава во развој со зголемена невработеност и голем број на жители истиснати на маргините од нашето општество, тоа е веб страница која дава можност друг за вас да го подмири  долгот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот