Собрани 50.000 долари за малиот Јаков

Мисијата да се соберат 50.000 долари за малиот Јаков, која ја покрена Австралијанецот, со македонски корени Џим Ристевски, успешна за нецела недела.
Јаков со родителите веќе е сместен во турската болница и ја започна својата битка со болеста.

– Овој пат, парите ги собравме за една недела, со навистина лесен напор. Сторијата ги стопи срцата на луѓето. Најголемиот дел од средствата ги собрав од семејството, пријателите и бизнис партнерите во Австралија. Секогаш лично донирам голем дел. Сакам да се заблагодарам на сите македонско-австралиски фан страни на социјалната мрежа Фејсбук, за нивното ангажирање веста да допре преку оваа платформа до многу луѓе. Голема благодарност до македонските медиуми, кои кај Вас ја раширија веста за акцијата.
И благодарност до сите добри луѓе кои ги отворија и срцата и џебовите за да успееме, истакна Ристевски.

Џим Ристевски е татко на три деца и по трет пат со своја иницијатива ја вклучува заедницата во Австралија за помош за земјата од каде потекнуваат неговите предци. Тој е веќе познат бизнисмен и филантроп во Австралија, а на македонската јавност ѝ е познат по два претходни хумани гестови.

Џим Ристевски
Во 2016 година, кога се случија големите поплави тој 10.000 австралиски долари  за малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка, кој ги загуби своите мајка и брат на скопската обиколница и минатата година тој повторно се јави како организатор на фандрејзинг иницијатива наменети за реконструкција на Медицинското училиште Др Јован Калаузи од Битола, кое беше во очајна состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот