Шкотско виски Мекелен Адами 1926 - Фото: Принтскрин/ Твитер

Соборен рекорд: Шише шкотско виски продадено на аукција за 2,7 милиони долари

Шише шкотско виски означено како „најбараното во светот“ денеска е продадено за 2,2 милиони фунти (2,7 милиони долари), што е рекорд на аукција за шише вино или алкохолни пијалоци.

Шишето виски Макалан Адами 1926 (Macallan Adami 1926) беше продадено во аукциската куќа „Сотби“ во Лондон по жестоко наддавање помеѓу потенцијалните купувачи.

Само 40 шишиња виски Макалан 1926 биле флаширани во 1986 година по 60-годишен период на созревање во буриња. Дванаесет од тие шишиња, вклучувајќи го и она што се продало денес, имаат етикети дизајнирани од италијанскиот сликар Валерио Адами.

Уште едно шише од истото буре е продадено во „Сотби“ во 2019 година за речиси 1,5 милиони фунти, што е рекордна продажба за вино или алкохол до денес.

„Макалан 1926 е виски што секој аукционер сака да го продаде и секој колекционер сака да го поседува“, вели Џони Фул, шеф на одделот за алкохол на „Сотби“.

Конечната цена од 2.187.500 фунти (2.714.250 долари) вклучува сума наречена премија на купувачот, која се додава на продажната цена од 1,75 милиони фунти. Цената значително ја надмина проценката пред продажба од 750.000 до 1,2 милиони фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот