Студентиски протест Белград принтскрин ИКС

Со протестна прошетка студентите во Белград ќе одбележат девет месеци од падот на настрешницата во Нови Сад

Студентите во блокадата објавија календар на протести и акции во Србија за следната недела.

За утре, кога се одбележуваат девет месеци од уривањето на настрешницата во Нови Сад, најавена е голема комеморативна прошетка од Старата железничка станица до железничката станица Белград-центар „Прокоп“.

Собирот ќе започне во 19 часот пред Старата железничка станица на Савски плоштад, а програмата ќе започне во 19:30 часот со говор.

Потоа, собраните ќе бидат поканети да започнат мирна и тивка прошетка до железничката станица „Прокоп“, каде што ќе се одржи втор говор, по што ќе следат 16 минути молчење и перформанс со црна флора, со што симболично ќе ги претставуваат жртвите од уривањето на настрешницата во Нови Сад.

Комеморација ќе се одржи и од 20 часот во Нови Сад и од 19:30 часот во Ниш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот