Со положување на свежо цвеќе на спомен-костурницата во Берово беше одбележан Денот на независноста

По повод 8 Септември, денот на независноста на Македонија, делегација на Општина Берово, Здружението на пензионери, Организацијата од резервни офицери, како и партиски делегации, денеска положија свежо цвеќе на спомен-костурницата во Берово.

Пред присутните делегации беше прочитан краток говор, со должна почит кон нашите херои и со посочување на историските моменти од 8 септември 1991 година.

– Овој историски датум, кога граѓаните го кажаа судбоносното и референдумско „да“, за остварување на вековниот сон за независна Македонија, е обврска за сите нас, да ја сочуваме и развиваме земјата, во духот на слободата и демократските вредности, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

Тој им го честиташе денешниот празник на сите граѓани, посакувајќи им и понатаму успешна македонската приказна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!